Курц: Австрија дефинитивно сака да произведува руски или кинески вакцини

0
88

Курц рече дека предуслов за ова е предметните вакцини да бидат одобрени на ниво на Европската унија кај надлежните регулаторни агенции, поточно ЕМА (Европската агенција за лекови). Изјавата на австрискиот конзервативец од ÖVP ја пренесуваат австриските и германските медиуми:

„Австрија дефинитивно потоа ќе продолжи да ги става на располагање производствените капацитети на соодветните домашни компании за изработка на руските или кинеските вакцини.

„Исто како и производителите од други земји“, додаде тој.

„Се работи за добивање на многу безбедна вакцина што е можно поскоро, без разлика кој ја развил“, нагласи Курц.

Тој во четвртокот јавно го поддржа испитувањето на ЕМА на вакцините од Русија и Кина, велејќи дека „не треба да се има геополитички табуа“.

Во интервјуто го прашаа и дали ќе биде вакциниран со понудената вакцина Спутник V или некои од вакцините од Кина.

„Да, ако тие вакцини се одобрени во Европа“, одговори тој, додавајќи:

„Кај вакцините станува збор само за ефикасност, безбедност и брза достапност, а не за геополитички борби.

Премиерот на Австрија, исто така, посочи дека во моментов граѓаните се „субоптимално“ снабдени со вакцините против ковид-19, односно дека нема доволно вакцини за планираните и договорени програми и ритамот на вакцинација. Тој дури ја обвини ЕМА дека ја завршува својата задача за одобрување вакцини „бирократски и бавно“ во овие услови.

Според здравствените служби, Австрија во претходните 24 часа регистрирала 1.317 новоинфицирани со коронавирус