Милорад Додик сослушан за случајот „Икона којабеше украдена од Украина

0
89

Претседателот во Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, мораше да се јави во Обвинителството на БиХ во Сараево, а според локалните медиуми, тој сведочел како дел од истрагата за сомнителното потекло на иконата што му ја подари на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при неговата посета на БиХ.

Додик се обидел незабележано, преку споредна врата, да влезе во седиштето на Обвинителството на БиХ, но медиумите сепак го забележале и објавија за тоа. Според информациите, тој во зградата на Обвинителеството се задржал околу еден час.

Додик е главниот актер во аферата „Икона“ бидејќи на 14 декември минатата година тој му подари икона на рускиот министер Лавров како личен подарок, што се покажа дека е регистрирана како украински имот во 20-тите години на минатиот век.