Мицкоски од ФБ профилот на Заев одговори на бугарските провокации за Делчев

0
70

Бугаринот Џамбаски ја нападна македонската држава и историја преку коментарот кај премиерот Заев велејќи дека македонската револуционерна организација е бугарска, нагласувајќи во неколку кратки реченици: „Бугарска, Зоране. Бугарска, Заев“. – Зоран Заев, очигледно ќе треба повторно да потсетиме дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот статут, името на револуционерната организација била Бугарски македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране. Бугарски, Заев. И Ѓорги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш, се претставувал како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвод во бугарската револуционерна организација, провокативно напиша Џамбаски.

На овој коментар премиерот Зоран Заев не одговори ништо. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на оваа провокација и реплицираше: – Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја, јасно му одговори Мицкоски на бугарскиот провокатор Џамбаски.