Мицкоски ќе собира потписи за пописот, во партијата се собираат потписи за негова смена

0
45

Додека Христијан Мицкоски ќе собира потпписи по градовите и селата за да го урне Законот за попис во ВМРО-ДПМНЕ се собираат потписи за негова смена. Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес го најавија неговото одржување за 28 март во Скопје. Оттаму велат дека успеале да соберат поддршка и потписи од „големо мнозинство делегати“ од конгресот кој го избра Христијан Мицкоски.

„Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Делегатите кои пристапија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување на меѓународна поддршка“, се наведува во соопштението.

Во соопштението тие велат дека во наредните денови ќе ги формираат телата за спроведување на конгресот и дека ќе го промовирале слоганот, а и дистрибуција на покани и материјали за делегатите. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски била руинирана до непрепознатливост и затоа партијата прфетрпела редица изборни порази.