Наташа Димитриевска задоволнма од пресудата, но правдата ќе ја бара до крај

0
56

Наташа Димитриевска сопруга на возачот кој го изгуби животот е задоволна од последната одлука, но како што вели ќе бара правда до крај, затоа што според неа во целиот судкси процес имало пропусти.

Таа смета дека малиот напредок во нејзиниот случај доаѓа како резултат на притисокот од јавноста, но и голема подршка од медиумите и социјалните мрежи. Таа се надева дека ниту едно лице нема да помине низ како што вели таа голготата низ која што поминала. Се надева дека ќе профункционира судството и нема да има толкава  потреба од медиумски притисок но и притисок од јавноста, за да правдата започне да излегува на површина.

-Ако не беше оваа борба преку медиумите и големата подршка од јавноста немаше да успеам дека беше под знак прашалник дали обвинителството ќе поднесе жалба затоа што првично јавниот обвинител даде насока дека се согласува со условната казна , рече Наташа Димитриевска.