Невзат Бејта „фаворит“ во партиските структури за следната изборна арена!

0
56

На третата онлајн анкета, организирана преку специјална апликација на порталот ФОЛ, во прашањето „ Кој според вас треба да ја води трката за градоначалник на Гостивар “  од редовите на ДУИ, излегува дека најпосакуван во оваа анкета е биди поранешен градоначалник Невзат Бејта.

Невзат Бејта има предност од 38,46% од испитаниците, следбеници и редовни читатели на ФОЛ.

Во однос на останатите кандидати на оваа анкета, Валдет Џафери е рангиран на второто место со 28,4% од гласовите, потоа следен е Неџати Јакупи со 19,23%, додека последен останува актуелниот претседател на огранокот во Гостивар, Башким Асани со 11, 54% од гласовите. Во меѓувреме, само 2% од испитаниците немаат преференции за кој било кандидат или имаат други преференции.

Инаку, следните локални избори – редовни, треба да се одржат во есен оваа година, кога мандатот на сегашните градоначалници ќе заврши законски.