Несреќа вечерва: Воз удри во автомобил кај селото Горни Подлог

0
77

Патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Кочани вечерва околу 19 часот удрил во патничко возило на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог, објави Курир.

Како што дознаваат од порталот, нема повредени лица во несреќата, направена е само материјална штета на автомобилот.

Преминот преку пругата не е означен со сообраќаен знак и нема рампа,ниту светлосно-звучен сигнал.

Полициски екипи вршат увид на местото на настанот, а сообраќајот на патниот правец кон селото Горни Подлог два часа беше во прекин.