Нови 357 заразени со ковид-19, пет починати

0
57

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19. Најмногу од нив во Скопје – 140, а двоцифрени бројки заболени има во Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10. Во неколку други градови бројката на заболени е едноцифрена.

Пријавени се вкупно пет починати лица, информираат од министерството, од каде што наведуваат дека сите се починати во болнички услови.

За истиот период регистрирани се 122 оздравени пациенти. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.