Од понеделник бојкотот на средношколците ќе мирува

0
36

Сојузот на средношколци најавува дека бојкотот на наставата кој почна со второто полугодие ќе биде заклучно со утре, додека следната недела (од 6 до 12 февруари) привремено ќе го прекине бојкотот, за што одлука донело Генералното собрание на Сојузот.

Од Сојузот тврдат дека по средбите со парламентарните партии тие се сигурни во поддршката од повеќе од 70 пратеници и на ваков начин им оставаат можност и време на институциите да ги прифатат и нивните барања.