ПЛУС ИНФО – Србија ќе произведува вакцини! Вучиќ и Путин направиле договор, руски експерти доаѓаат во Србија

0
52

Денеска лидерите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ имале телефонски разговор во кој наверојатно е договорено вакцината „Спутник V“ против ковид-19 да се произведува во Србија.

Во оваа пригода, претседателот Вучиќ му се заблагодарил на претседателот Путин за поддршката во борбата против коронавирусот, а особено за испораката на вакцината „Спутник V“, бидејќи придонесе земја да предводи во светот според вакцинирањето на населението.

Претседателот Вучиќ го замолил претседателот Путин да им помогне што поскоро да набават дополнителни количини од руската вакцина, за што поголем број српски граѓани да добијат сигурна заштита од коронавирусот во најблиска иднина.

Тој исто така истакнал дека Србија со помош на експерти од Русија ќе гради фабрика и самостојно ќе ја произведува вакцината.

ПРЕЗЕМЕНО ОД ПЛУС ИНФО