Полска компанија измисли сензор што открива COVID-19 за помалку од 10 секунди

0
159

Полската компанија МЛ Систем разви сензор кој може да открие КОВИД-19 за помалку од 10 секунди.

Претседателот на МЛ Систем Дејвид Сајкон изјави дека компанијата ги завршила своите прелиминарни тестови.

„Добивме одобрение од медицинскиот комитет за биоетика да се преселиме во фаза на тестирање на тампон и, наскоро, очекуваме да имаме резултати,  рече тој

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој ја посети фабриката МЛ Систем, рече дека уредот „е голема гордост за целата земја“.

„Денес го претставуваме најновиот производ на компанијата, потполно извонреден, особено во денешните тешки времиња, кога сме погодени од пандемијата COVID-19“, рече претседателот Дуда, додавајќи дека сензорот може да открие честички од COVID-19 во здивот, како и во голем број други супстанции.