Попоски за ВЕЧЕР: Со конгрес како Валандово, резултатот и во март и во ноември ќе биде ист

Поранешниот министер за надворешни работи и поранешен член на највисоките партиски тела во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека не е дел од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. Попоски смета дека секој член во партијата треба да има глас во избор на новиот лидер.

НЕ, НЕ СУМ. ЈАС СУМ ЗА ТОА СЕКОЈ ЧЛЕН ВО ПАРТИЈАТА ДА ИМА ГЛАС ВО ИЗБОР НА ВОДАЧИТЕ. СО КОНГРЕС КАКО ВАЛАНДОВО, И ВО МАРТ И ВО НОЕМВРИ РЕЗУЛТАТОТ ЗА ПАРТИЈАТА ЌЕ БИДЕ ИСТ КАКО ДО СЕГА ИЛИ БЕТЕР. НИ ТРЕБА ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ ЦЕЛ КОЈА МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ НА ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ ПОПОСКИ.

Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ,  закажаа одржување конгрес на 28 март во Скопје со главни точки – отчет за сработеното на Мицкоски и гласање доверба.