Првата докажана смрт од коронавирус во Европа била во Србија – д-р Кон вели дека вирусот бил меѓу нас порано од тоа што мислевме

0
66

Група од 13 српски научници, собрани на Медицинскиот факултет утврдила дека првата докажана смрт поврзана со коронавирусот во Европа се случила во Србија и тоа на 5. февруари минатата година, еден месец пред официјалното забележување на овој вирус во нашата земја, пренесуваат медиумите.

Работата на групата од 13 научници бил објавен на 19. јануари оваа година, а епидемиологот и член на Кризниот штаб Предраг Кон рекол за Блиц дека станува збор за важно откритие.

„Треба да им се честита на колегите што успеале да дојдат до така важно откритие, а подоцна и да го објават. Тоа истражување е многу важно затоа што потврдува дека вирусот циркулирал многу порано пред потврдениот случај во Србија на 6. март“, рекол Кон.

Српски научници после повеќемесечни  анализи утврдиле дека 56-годишниот маж кој поминал во Србија на 5. февруари после тешко воспаление на белите дробови, всушност починал од новиот коронавирус, додека првиот официјален потврден случај во Србија е забележан на 6. март минатата година.

„Меѓтутоа, тоа што е утврдено дека првата докажана смрт поврзана со коронавирус во Европа се случила токму во Србија, не значи дека коронавирусот потекнува од нашата земја, туку за најстариот докажан смртен случај“, рекол Кон