Проектите на поранешниот министер за култура Хисни Исмаили се блокирани

0
56

Средствата за реализација на културните проекти од минатогодишната програма ги блокираше Владата, која побара од Министерството за култура да не собира пари без да заминат под лупата на финансиски инспектори.

Станува збор за проекти чии износи за реализација се зголемени со втора одлука на поранешниот министер за култура, Хисни Исмаили, како и за некои проекти одбиени од комисиите, но одобрени според втора одлука, пишува весникот КОХА во денешниот број.

Со инаугурацијата на актуелната министерка Ирена Стефоска, на крајот на август минатата година, плаќањата за овие проекти стагнираа. По поплаките министерот изјави дека причина за одложувањата се анексите на договорите.

„Владата ја разгледа и одобри Информацијата за вкупните неплатени обврски на Министерството за култура за проектите избрани на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година и го упати Министерството за култура да не исплаќа средства на корисниците без дефинирање правната основа за тие средства “, се вели во одлуката на седницата на Владата.