Професионалните војници со навршени 45 години – ќе можат да работат како пожарникари

Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ рече дека ова е уште една опција која им се става на располагање на професионалните војници со цел решавање на нивниот статус по навршени 45 години старост. Шеснаесет веќе стапуваат во противпожарна служба.

 

Претходно Министерството предложи измени на Законот за служба со кои професионалните војници по завршување на службата во Армијата со 45 години ќе можат да изберат дали да ја продолжат својата кариера во рамките на државната служба или да им биде исплатена отпремнина во висина од 1.000 евра за секоја година во Армијата.

 

Во меѓувреме, вели Николиќ, се врши трансферот на оние кои веќе наполниле 45 години во други органи на централната и локалната власт.

 

Договорот за отпремнина на професионалните војници по завршувањето на ангажманот претходно беше постигнат во дијалог со Независниот синдикат на одбраната. Но оваа можност ќе им биде на располагање откако Законот ќе ја помине собраниската процедура, што е неизвесно кога ќе се случи па затоа нема конкретна бројка колку професионални војници би побарале отпремнина.

Канал 5