Расте евроскептицизмот и поддршката кон Русија, анкета на Институт за демократија

0
53

Третина од младите се против членство во Унијата. Заканата од губење на идентитетот пресуден фактор кај евроскептиците. Половина од населението смета дека ќе ставеме членка на ЕУ во наредните три до пет години. Соседите а не внатрешните реформи се причината за неуспешните преговори

СКОПЈЕ – Мнозинството на граѓани во северна Македонија се приврзаници на евроатлантскиот процес и пат на државата но од година во годинба расте бројот на оние кои противат на членството во Европската Унија (ЕУ)или пак сметаат дека никогаш нема да бидеме дел од неа, покажува последната анкета која ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“. Европската унија е најдобар сојузник но најголемо влијание имаат имаат САД, сметаат граѓаните. Исто така се забележува и раст на поддршката за Русија кај етничките Македонци и за прв пат кај етничките Албанци.

„Овој ќорсокак ја става под ризик и регионалната стабилност, го зголемува јазот во секој аспект помеѓу Западен Балкан и ЕУ, поттикнува авторитарни тенденции, популистички гласови. Штетите се големи, а Брисел е свесен за последиците од оваа ситуација. Кредибилитетот на Унијата и на процесот сериозно се нарушени. Иако целокупната поддршка за ЕУ се уште е силна, скептицизмот се зголемува, особено кај младите, а поддршката за Русија постојано расте. Испитаниците се уште ја гледаат ЕУ како најдобар странски сојузник, но ЕУ веќе не се гледа како странски фактор со најголемо влијание и заостанува зад САД. Прашањето е дали ЕУ има план Б за нас и регионот“, рече Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија.

Анализирајќи ги причините за растот на евроскептицизмот во анкетата може да се забележи дека клучна причина е идентитското прашање.

„ Во последните четири години се забележува драстичен раст и доминантна позиција на идентитетските и вредносните фактори во детерминирањето на евроскептичната енергија во македонското општество. Заканата за губење на националниот идентитет и губењето на суверенитетот и независноста на државата како последица на процесите на европезација се наметнуваат како најважни фактори за формирањето на евроскептичните ставови“, стои во извештајот на „Социетас Цивилис“.

Се помалку граѓани сметаат дека домашните реформи не се причина за одложување на старотот на прегорови туку позициите на соседните држави, пред се Бугарија. Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ во наредните пет години е ставот на мнозинството испитанизи.

„ Значително е намален бројот на испитаници кои се фокусираат врз неостварувањето на домашните реформи како примарно објаснување зошто Северна Македонија не е членка на ЕУ.Повеќе од половина од граѓаните најголемиот проблем за македонскиот пристапен процес го насочуваат кон позициите на соседните држави во однос на аспирациите за членство на Северна Македонија“, велат од Институтот за демократија.

Интересни се дијамтерално спротивните ставови на симпатизаерите на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ. Деведесет отсто од приврзаниците на власта виделе напредок во пристапниот процес додека речиси половина од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека немало никаков напредок или дека државата назадувала во процесот на евро интеграцијата.

Даниел Браун од Фондацијата „Конрад Аденауер“ предупреди дека властите во Северна Македонија мора да се фокусираат на реформите, економскиот развој и животната средина и потенцираше дека подршка од Германија секогаш ќе има.

„ Русија би можела да биде земена алтернатива кон ЕУ. Исто така и „патот на свилата“ отвара одредени перспективи кои би можеле да бидат одредена алтернатива на патот кон ЕУ. Перспективата на Северна македонија треба да биде во Европа“, изјави Браун.

САД го превземаа приматот на странски фактор со најголемо влијание во меѓународната политика и односи кога станува збор за Северна македонија поради расттот на европскпектицизмот но граѓаните сеуште ја сметаат Еу за најголем сојузник на државата.

Глас на Америка