Регулаторна одлучи – Од утре поскапуваат бензините и дизелот!

0
85

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, со што новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,00 ден/литар.