Руската вакцина ќе се испорачува, a можеби и ќе се произведува во Турција

0
181

Претседателите на Русија и Турција Владимр Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска имаат телефонски разговор, при што договорија испорака на руската вакцина против Ковид-19 на Турција. Тие разговараа и за можно производство на таа вакцина во Турција, информира Кремљ.

Тие разговараа за можностите за проширување на соработката во областа на борба против вирусот, вклучително и за потенцијалното доставување и организирање на производство на руски вакцини во Турција“, се вели во соопштението.