Рускоска: Олеснителна околност е што Мијалков сам се пријави

0
55

Обвинителката Вилма Рускоска на прес-конференција вечерва рече дека ќе размислат дали да побараат затворски притвор за Сашо Мијалков. „Ќе размислиме дали да побараме затворски притвор. Цел ден беше бурен. Со колегите што го застапуваат ќе одлучиме, но сепак олеснителна околност е што сам се пријави“, истакна Русковска. Таа додаде дека при разговор со неговиот адвокат било констатирано дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението

Рускоска вели дека Мијалков преку посредници побарал да се пријавил токму во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор, таа рече дека тоа е сторено за да не се губи време.