ВИДЕО – Сашо Мијалков е спроведен во куќен притвор

0
63

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, по кого се трагаше во изминатите два дена, вечерва од Обвинителството за организиран криминал и корупција беше спроведен во куќен притвор.

Мијалков попладнево се појави пред Обвинителство за да го земе решението за куќен притвор. Тврдеше дека бил болен до температура над 40 степени и 

Како што изјави не избегал, туку бил во изолација затоа што имал висока температура над 40 степени и дури утрово дознал дека институциите го бараат. 

Мијалков им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите кои беа предизвикани.

Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор.

Во петок треба да биде изречена пресуда за случајот „Тврдина-Таргет“.

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ftv21hd%2Fvideos%2F477736066566341%2F&show_text=0&width=560″ width=”560″ height=”317″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>