Сашо Мијалков се појави во Обвинителството за организиран криминал

0
36

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков по кој се трагаше изминатите два дена, предмалку се појавил пред Обвинителството за организиран криминал.

Ваквата информација ја сподели со јавноста премиерот Зоран Заев на Фејсбук и истакна дека е обезбеден неговиот домашен притвор.

„Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!“, стои во објавата на Заев.