.Скијачкиот центар Попова Шапка да биде посебно јавно претпријатие директно под владата, а не како досега под раководство на ЕЛЕМ Турс

0
76
 
 
Скијачкиот центар Попова Шапка да биде посебно јавно претпријатие директно под владата, а не како досега под раководство на ЕЛЕМ Турс. Отворање на процес за развој на центарот преку јавно – приватно партнерство со направена претходна анализа и инвестиции во основната инфраструктура. Ова се заложбите на Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка на средбата на која се разговарало за развој на центарот, а на која присуствувале преставници од ЕЛЕМ Турс и министерството за економија.
Попова Шапка како скијачки центар треба да делува како посебен субјект, затоа што е профитабилен. Заедно со другите центри и претпријатија кои се под капата на ЕЛЕМ Турс а кои работат со загуба, нејзиниот развој тапка во место, сметаат од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка
Следни чекори е центарот да биде даден под концесија или пак да се формира јавно – приватно партнерство, откако претходно ќе се обезбеди основна инфраструктура, велат од иницијативата

 

Единствена поголема инвестиција во центарот е шестоседот кој годинава беше пуштен во употреба. Досега се направени повеќе студии за развој на Попова Шапка, ни нути една не се реализира. Проблемите со паркинг просторот, старата инфраструктуруа нерешените комунална прашања и натаму се рак рана на скијачкиот центар.