Средношколците добија поддршка од опозицијата

0
32

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го поддржуваат барањето на Сојузот на средношколците да се измени концептот за државна матура за оваа генерација матуранти и наместо четири (три екстерни и еден интерен предмет), матурантите да полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира да ја студира. Пратеникот на Алијансата за Албанците Халила Снопче по средбата со претседателот на Сојузот на средношколците Бленди Ходаи информира дека тие како коалиција го поддржуваат нивното барање бидејќи, како што рече, средношколците не бараат тотално укинување на државната матура, туку само намалување на бројот на предмети.

Претходно средношколците добија поддршка и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која денес поднесе Предлог-Закон за измени и дополнување на Законот за средно образование.

„После средбата од пред два дена со дел од претседателството на Сојузот на средношколци на Република Македонија, и во согласност со можностите кои ни стојат на располагање, целосно ги поддржуваме и преку институциите ќе ги канализираме нивните барања“, изјави Игор Здравковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.