Српски водител мавтал со пиштол среде емисија во живо

0
34

Невообичаена сцена се случила во денешната утринска програма на српската телевизија „Хепи“ – главниот уредник на оваа телевизија, Миомир Мариќ, држел пиштол марка „Застава М57“, попознат како „тетејац“.

Секако, тоа е реплика на овој пиштол, бидејќи нивни гости во студиото биле луѓе кои се занимаваат со изнајмување опрема за снимање филмови, кои се однесуваат на армијата, полицијата и слични сцени каде се користи оружје.

Ова се копии кои се слични на оригиналот, затоа што „вистинското оружје не можеше да влезе во студиото“, потенцирала водителката Катарина Корша. Како и да е, Мариќ бил „расположен за шега“, така што на секој неинформиран гледач кој во тој момент започнал да ја гледа утринската програма на телевизијата „Хепи“, ќе му се чини како Мариќ да „мавта“ со пиштол во програмата во живо.

„Еве тетејац, сега сме вооружени. Шешељ еднаш покажа вистински пиштол во емисија“, рече Мариќ, додека водителката го прекинала.

„Не може вистински пиштол, ние можеме само да глумиме овде и да си играме“, додала таа.