Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не може да победи

0
53

-Мицкоски ја води партијата во погрешен правец. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не може да победи. Јас сметам дека тој човек треба да си оди што побргу за да ВМРО-ДПМНЕ може да го победи СДСМ. Се осеќам крив затоа што не прифатив да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ затоа што партијата ќе одеше во друг правец. Не ми е јасно како не може да го победи СДСМ со толку многу грешки. Јас мислев дека на последните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе се прошета, со 10-15 пратеници разлика. Доколку таму имаше лидер со искуство, со визија и со тоа да знае што точно да понуди на граѓаните, ние сега ќе имавме различна ситуација, рече Тодоров во вечерашното гостување на Телма.

Тој обзнани дека разединувањето помеѓу него и Мицкоски настанало за време на референдумот.

-Ние во тој момент сметавме дека ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и гласа против или воздржано на референдумот и ќе капитализиравме 450.000 гласови, потоа ќе имавме претседател на државата и ќе победевме на парламентарните избори. Тоа е стратешката грешка што ја направи Мицкоски, рече Тодоров.