Уапсените дилери на дрога имале заштита од полицајци

0
89

Полицијата уапси шест лица за продажба на хероин, кокаин и амфетамини, за време на вчерашната акција во Прилеп. За време на претресот на 16 различни локации биле одземени пари и три возила, за што полицијата тврди дека постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога. Одземени се и марихуана и кокаин, како и мобилни телефони и други предмети. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски изјави дека надлежните органи, од септември минатата година, спроведоа криминалистичка истрага за неколку лица вклучени во недозволена продажба на дрога во прилепскиот регион. Криминалната група соработувала и со полицајци кои ги искористеле за да не преземаат мерки против нив.