УХМР со предупредување, снег од над 20 сантиметри и ниски температури низ земјава викендов

0
82

Врнежи од снег, пропратени со засилен ветар и ниски температури ќе ја зафатат Македонија претстојниов викенд. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за снежни врнежи, кои ќе бидат пообилни во југозападните делови од земјава каде ќе се формира снежна покривка од над 20 сантиметри. Ќе има можност и за формирање на голомразица.

Според прогнозата на УХМР, врнежите од снег ќе бидат пообилни во попладневните и во ноќните часови од сабота кон недела и до крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка. Денеска ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен во горниот дел од Повардарието. Минималните температури ќе се движат од -13 до -1, а дневните од -6 до 1 степен.