Цариниците најкорумпирани, докторите најмногу бараат мито, кажале кумановци во истражувањето за корупција на локално ниво

0
45

Цариниците најкорумпирани, докторите најмногу бараат мито, кажале кумановци во истражувањето за корупција на локално ниво

Во поглед на Куманово, истражувањето покажа дека граѓаните сметаат оти има зголемување на корупцијата во последните 10 години и дека се работи за големо зголемување. Притоа, како најзначајни сфери беа издвоени здравството, полицијата и судовите, во кои на граѓаните најмногу им било барано мито. Додека според распространетоста на корупција по области, граѓаните на Куманово сметаат дека е царината. Ова претпоставувам дека се должи на местоположбата на Куманово, како блискоста до граничните премини, па граѓаните имаат поинтензивни контакти со граѓани од други земји и пофреквентни контакти со царината“, изјави Марија Димитровска, експерт и еден од авторите на анализата, која ги презентираше резултатите од истражувањето во Куманово.

Заедничко за сите општините е што граѓаните имаат перцепција дека корупцијата во последната деценија е многу зголемена и тоа дури за 80 отсто. Анализата на сумираните резултати од петте општини покажала дека корупцијата во Северна Македонија е најраспространета во судството, потоа следуваат инспекциските служби и царината, а на последно место е социјалната заштита.

Помеѓу општините постојат разлики, па така во Гостивар, Битола и Кавадарци прворангирано е судството, во Куманово прва е царината, додека судствотот е на трето место, а во Штип први се инспекциските служби, а судството е второ. Во сите општини образованието и социјалната заштита се сметаат за области каде што корупцијата е најмалку раширена.

Граѓаните најчести контакти имаат со институции во здравство и полиција, па тами најмногу се соочиле со барање мито, а помал процент во судството. Податоците покажеле дека митото во институциите на здравството најчесто се бара за операција и лекување, во полиција во врска со казни и сообраќајки, во општините заради урбанистички работи и градба, а во образованието поради полагање на испити на факултет.

Повеќе >> sdk.mk