Царовска: Законот за спроведување на државна матура мора да се почитува, Сојзуот на средношколци продолжуваат со бојкотот

0
46

Таа истакна дека концепцијата за полагање матура може да се менува од следната учебна година, бидејќи за тековната, сите законски рокови се веќе завршени.

-Јас како министерка за образование, не гледам како не би го почитувала законот кога ниту имаме вонредна состојба ниту имаме можност на владини седници донесуваме вакви одлуки. Законот е јасен и дециден а тоа значи спроведување на матура во наредниот период, заради тоа што државната матура е услов за запишување во високо образование, вели Мила Царовска.

Инаку над 51 % од матурантите и понатаму го подржуваат бојкотот на наставата. Велат дека притисоците и заканите кон средношколците и натаму се присутни, но тие не се откажуваат од барањата, бројот на предмети за полагање на државна матура да се намали од четири на два.