Ќе нема ,,нормален” Евросонг, организаторите со неколку сценарија

0
115

Откако минатата година беше откажан изборот за песна на Евровизија, среде пандемијата на коронавирус, организаторите се погрижија ваквиот исход да не се случи оваа година.

Уште есента тие понудиле неколку можни сценарија за организација. Сценариото А вклучува нормална организација на Евровизија, како и во сите претходни години, со публика и изведувачи на сцената во живо. Сепак, ова сценарио дефинитивно е отпишано и тие велат дека ќе одлучат до мај дали сценариото Б, Ц или Д ќе се реализира.

Спорд сценариото Б, процентот на публика во салата е намален на 80%, а во прес-центарот може да има само 500 новинари, додека 1000 виртуелно би го следеле натпреварот. Сите изведувачи и посетители кои би присуствувале во живо, треба да се придржуваат на растојание од 1,5 метри.

Во сценаријата Ц и Д, никој од изведувачите и членовите на делегациите не би дошол во Ротердам, но претставите ќе се емитуваат во живо од националните телевизиски студија. Во сценариото Ц, публиката ќе биде во живо во салата, а сите новинари ќе присуствуваат на шоуто, но виртуелно. Најстрогото, сценариото Д, предвидува претстава без публика во салата и без придружни настани

Извор Канал5