Ако се усвои предлогот, моловите нема да работат во недела

0
96

Во недела ќе работи само оној кој мора да работи. Министерката за труд Јагода Шехпаска за Алсат вели дека работникот кој ќе работи во недела треба да добие повисока дневница за 50 отсто како и слободен ден во текот на следната работна седмица. Според планот, во недела ќе работат бензинските пумпи, трговијата со струја, секој вид на транспорт, угостителскиот сектор, медиумите, болниците, телекомуникацискиот сектор, противпожарната служба, погребалните услуги, комуналните дејности, музеите, зоолошките градини и ред други кои во овој период се дефинираат.

„Во делот на трговската мрежа, предлог Законот предвидува да работат само трговски објекти до 200 квадратни метри површина кои се во склоп на бензиски пумпи на граничните премини на аеродромите, автобуските станици и железничките станици. Останатите трговски објекти, законското решение вели дека нема да работат во недела“, рече Јагода Шахпаска министрка за труд и социјална политика.