Апелациониот суд ги намали казните на осудените за „27 април“

0
62

На 16 години затвор е намалена казната на Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој беше осуден на 18 години затвор, поради случајот 27 април.

По речиси две години апалциониот суд денеска ги преиначи казните и интервенираше во висината со намалување. Но од оваа одлука не е задоволен адвокатот на Чавков кој очекуваше укинување на пресудата.

Оливер Поповски, Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ се осудуваат на казна затвор во траење од по 11 години и ним казната им е намалена за една до две години. Обвинетиот Оливер Радулов се осудува на казна затвор во траење од девет години, а претходно добил 10 годишна затворска казна. Александар Василевски Нинџа се осудува на казна затвор во траење од седум години и нему првичната пресуда му е намалена на една година, а истото е и со Абдуљфета Алими, кој сега е осуден на шест годишна затворска казна.