Ахмети: За етничка графа во личните карти, ќе одлучиме да го поддржиме она што сметаме дека е најдобро

0
60

Запрашан денес во Косово околу кандидатите за претстојните локални избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека се уште има време и немаат конкретни идеи околу тоа прашање.

„Уште не се разговарало на оваа тема заради корона вирусот. Секако дека нема да доцниме. Според информациите кои што ми ги даде претседателот на Парламентот Талат Џафери на 3 октомври треба да се одржат локалните избори. Има уште време за да седнеме за да размислуваме и да ги направиме вистинските оценки за локалните избори, посочи Ахмети.

Во рамки на воведувањето на етничка графа во личните карти, Ахмети посочи дека тие ќе поддржат тоа што ќе се оцени како подобро решение.

„Прашањето за личните карти е прашање што е веќе е дискутирано. Дали треба да стои националниот идентитет или само државјанството е прашање што е во процес на институциите и ние ќе поддржиме такво решение што ќе се оцени како најдобро“, потенцираше, Ахмети.