Ахмети пресече: Нема за Артан Груби отказ

0
155

По неколкучасовна дебата во седиштето на ДУИ, лидерот Али Ахмети по средбата пред медиумите изјави дека вечерва немало разрешување и дека воопшто не се зборувало за тоа.

На новинарско прашање дали вечерва е побарана оставка од Артан Груби, Али Ахмети беше категоричен дека не се зборува за повлекување.

„Воопшто не се зборуваше за повлекување, се зборуваше за принцип, се зборуваше за стратегија, за програма, за задачите што нè очекуваат како влада, Но за забелешките зборуваме отворено, за секој да има можност да разјасни и објасни за својата работа што ја работи“, нагласи Ахмети