Ахмети: Сите работи се разјаснети, ДУИ е пообединета! (ВИДЕО)

0
91

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со Централното претседателство во Речица во изјава за медиумите убедливо рече дека сите работи се разјаснети и дека ДУИ е пообединета.

„Дискутирани се за сите прашања, јавноста е заинтересирана бидејќи имало разни информации во отсуство на состаноци.

„Сите работи се разјаснети и ги уверувам сите Албанци дека ДУИ е добро организирана сила и носи одговорност 20 години во важните процеси“, рече лидерот на ДУИ, по средбата со Централното претседателство.