Бајден нареди воздушен напад во Сирија

0
25

Американската воена авијација, по наредба на претседателот Џо Бајден, изврши воздушни напади во источна Сирија на објекти за кои Пентагон вели дека и’ припаѓаат на проиранската милиција.

Воздушниот напад претставува одговор на ракетниот напад на американските цели во Ирак и беше во ограчичени размери, најверојатно за да не дојде до ескалација, пренесува агенцијата

„По наредба на претседателот Бајден, американската војска вечерва изведе воздушни напади на инфраструктура која ја користат милитантни групи со поддршка на Иран во источна Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.