Битиќи: Просечната плата расте, но ако се влоши епидемиолошката состојба ќе делуваме со нови мерки

0
57

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, очекува во јуни годинава просечната плата да стигне до 30.000 денари. како што вели, показателите за јануари и февруари биле оптимистички. Сепак, Битиќи најави дека доколку епидемиолошката ситуација се влоши и има потреба од дополнителни мерки, Владата била подготвена да делува со нови мерки.

Во гостување на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Битиќи рече дека просечната плата продолжи да расте како резултат и на значително покачената минимална плата, но и притисок од пазарот на трудот.

Просечната плата континуирано расте и ќе продолжи да расте. Во декември 2020 година, просечната плата изнесува 28.294 денари, што е пораст од 5 проценти во однос на декември 2019 година, или пораст од над 15 проценти во споредба со 2017 година. Просечната плата расте и поради растот на минималната плата, која од 8.000 односно 9.000 денари, порасна на 14.500, и просчената плата ќе продолжи да расте, затоа што економијата тоа го бара, затоа што пазарот на трудот тоа го наметнува. Мерките за поддршка на компаниите се конципирани на тој начин да се поддржуваат компании кои исплаќаат солидни плати кон вработените, не даваме ниту денар на оние компании кои исплаќаат минимални плати за вработените. Очекуваме во јуни 2021, кога се всушност 4 години од владењето на оваа Влада, да стигнеме до просечна плата од 30.000 денари. Во 2017 година беа потребни 4 минимални плати за да се задоволи потрошувачката кошница, сега се потребни 2,2 минимални плати, а тежнееме кон тоа да 1,5 минимална плата биде доволна за потрошувачката кошница – изјави Битиќи.