Битолчанка измамена од сосетката- повеќе пати и` земала пари и накит

0
71

Во СВР Битола, Д.Х.(76) од Битола вчера пријавила дека во периодот од мај 2020 до јануари 2021 година нејзина сосетка во повеќе наврати земала поголем износ на пари и накит од неа, при што ја довела во заблуда со лажно прикажување и прикривање факти за заемот, поради што смета дека е измамена.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.