Борко Ристовски: Како Македонец дадов поддршка на протестите „За заедничка Македонија“

0
65

Денеска за Настаните од 27 април сведочеше голманот на РК Вардар Борко Ристовски. Тој истакна дека тој период не живеел во земјава и за случувањата се интересирал од медиумите.

Тој рече декa не е член на ниту една партија, но оти како Македонец дал поддршка на протестите со статуси на Фејсбук.

Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец. Не бев контактиран од Миле Јанакиески ниту од Спиро Ристовски ниту пак лично ги познавам, објасни ракометарот пред судот.