Британскиот сој на вирус коси во Прилеп и Кавадарци

0
62

Кавадарци – град со најлоша епидемиолошка слика и со поделени мислења за Ковид-19. Иако притисокот врз болниците е намален секаде низ Македонија, општата болница во Кавадарци има пациенти речиси колку и во ноември, кога се соочивме со есенскиот пик, поради појавата на британскиот сој.

Во моментот 28 кревети се слободни, а се работи на Модуларната болница за ковид-пациенти. Тука ќе има дополнителни 34 кревети. Овој објект по завршување на пандемијата ќе стане инфективно одделение.

Шаторот бил тргнат пред 2 дена бидејќи настрадал од снегот. Но иако имал и греење, пациентите не го користеле поради страв дека ќе го загубат редот.

Британскиот мутиран вирус кој брзо се шири за неполна недела придонесе во Прилеп да има 267 ново заболени.Само денеска има 4 ново починати.

Најмладиот имал 49 години.Дневниот пораст на детектирани од ковид се движи меѓу 63 и 55, активни се 482.

Но, овој број е многу поголем тврдат прилепските епидемилозите. Што веќе стана навика секој ново заболен да ги крие контактите.

На болничко лекување се 48,од нив 42 во тешка здравствена состојба со кислородна подршка, а во дневната болница регистрирани се 40 пациенти.