Брнс: Попис да има, но како статистичка операција, а не политичка

0
60

Дозволете најпрвин да кажам дека во една демократија сакаме да постигнеме колку што е можно поголем консензус, особено за најкритичните прашања. Тоа е важна цел“, истакна Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Република Македонија во емисијата „Само интервју“.

 

Брнз додаде дека во политиката исто така е важна и улогата на конструктивната опозиција во една демократија, од витално значење е тоа. Дури и кога меѓу опозицијата и власта постојат длабоки идеолошки спорови, мора да постои почит.

 

„Потребен ви е простор каде што може да се изјаснат различни ставови, но да не се користат за опструкции. Да се созададе простор каде можете да имате добра, конструктивна, политичка дебата, претставувањето на политичките ставови е важно, но не смеете да дозволите институциите да не се почитуваат, а и гласовите на електоратот“, појасни Брнз.

 

Брнз испрати порака до власта дека пописот треба да биде статистичка операција, а не политичка.

 

„Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки“, рече Брнс