Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија надмина 90 илјади

0
54

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија надмина 90 илјади. Во последните 24 часа, 421 пациент починал од  Ковид-19, а бројот на новозаразени е 13.659, соопшти Министерството за здравство.

Според последните информации, во северната автономна провинција Алто Адиге епидемиолошката состојба е влошена. Регистриран е и првиот случај на британскиот вид на вирус, па локалните власти одлучиле да воведат тринеделен строг карантин во регионот.

Во моментов, според последните официјални информации, во Италија има 430 илјади лица заразени со Ковид-19 и од почетокот на пандемијата, скоро два милиони и 600 илјади луѓе биле заразени со коронавирусот.

Регионот Ломбардија, кој беше жариште во првиот бран, е на прво место според бројот на новозаразени, што не паѓа под илјада нови случаи дневно.