ВМРО-ДПМНЕ ДО ДИК ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС

0
54

Да се одложи пописот до пролетта 2022 година бара ВМРО-ДПМНЕ откако денеска лидерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на партијата Ѓоргија Сајкоски до Државната изборна комисија ја доставија Иницијативата со која бараат укинување на Законот за попис.

Иако со различни видувања за терминот за спроведување сепак за одложување на пописот е и претседателот на државата Стево Пендароски. Премиерот Зоран Заев пак е против.

Ако не може да се одложи пописот тогаш барем да се спроведе по електронски пат предлага Мицкоски, ама со тоа не се согласуваат ниту Пендаровски ниту Заев.

На новинарско прашање колку е реално можно укинување на Законот за попис со оглед на кусиот временски период и проблемот со обезбедување на мнозинство во Собранието, Мицкоски изјави дека иако никој не верува дека може нешто да се направи сепак тој верува дека ако на Иницијативата и се приклучат илјадници, стотици граѓани ќе нема политичар кој што тоа ќе може да го игнорира.

А, најповиканиот за ова прашање, претседателот на Собранието, Талат Џафери за новинската агенција МИА денеска изјави дека, за да се одложи пописот потребна е политичка одлука и прашува дали има некаква проценка дека во јуни или во јули ќе заврши пандемијата со Ковид-19.

ПРЕЗЕМЕНО ОД 24 ВЕСТИ