ВМРО-ДПМНЕ најавува одржување редовен конгрес на крајот на ноември

0
64

Иницијативниот совет за вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ја критикува синоќешната одлука на централниот комитет на оваа партија да одржи редовен конгрес во ноември. Во нивното соопштение се вели дека ова е игра на претседателот Мицкоски со членовите на партијата и делегатите кои го избрале.

„Христијан Мицкоски нема капацитет и доверба кај членовите на партијата, а уште помалку кај неутралните граѓани. Христијан Мицкоски ќе му донесе нов пораз на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори, исто како што донесе загуба на претседателските и парламентарните избори“, соопштуваат од Иницијативниот совет за вонредниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ.

Иницијативниот совет ги поканува делегати да се приклучат на иницијативата за вонредниот конгрес што го закажаа за 28 март.

Во меѓувреме, на последниот состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше одлучено редовниот партиски конгрес да се одржи во ноември. Според партијата на Мицкоски, иницијатори на вонредниот конгрес се поранешни партиски функционери кои биле поставени под служба на власта и Заев.

Според статутот на партијата, партиски конгрес се организира еднаш на секои четири години. Барањето за вонреден конгрес го поднесува претседателот или најмалку половина од членовите на Централниот комитет. Одлуката за вонредниот конгрес се донесува доколку барањето е одобрено со 2/3 од гласовите на членовите на Централниот комитет.

Претходно, Мицкоски достави барање на вонреден конгрес, но тој беше одбиен од Централниот комитет на партијата.

АЛСАТМ