ВМРО-ДПМНЕ се пофали со собраните потписи против пописот, СДСМ вели нема одложување

0
56

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека над 25.000 граѓани за три часа се потпишале на пунктовите на кои се собираат потписи со кои ќе се бара поништување на Законот за попис. За да се поднесе предлог за понишување на закон потребно е да се соберат 10 граѓански потписи.

„Над 25 илјади граѓани му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис“, соопштуваат од партијата.

Граѓаните му ја упатија пораката на Заев. Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис, стои во соопштението.

Од партијата велар дека пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција.

Од владејачката партија реагираат дека Мицкоски со собирање на партиски потписи нема да го спречи одржувањето на пописот

Од СДСМ преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја закочи и саботира оваа статистичка операција, а во земјава речиси 20 години немало попис.

Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис нема да го спречат овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата. Овој потег на Мицкоски е само за внатрепартиска употреба и за исполнување на сопствени хирови“, стои во соопштението на СДСМ.

Според неодамна донесениот Закон за попис, операцијата треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, се противи на тоа, оти пописот се спроведувал во време на пандемија. Бараат тој да се одложи до следната година или да се спроведе целосно електронски.

РСЕ