Вонредни инспекциски надзори се вршат во Струшката гинеколошка ординација

0
110

Вонредни инспекциски надзори се вршат во Струшката гинеколошка ординација за која постоеше сомнение дека нелегално извршува прегледи, потврдија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Директорката на Инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова потврди за МИА дека надзорот е во тек и најави повеќе детали по неговото завршување.

„Вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ во Струга е уште во тек. По негово завршување ќе бидете информирани“, вели Бухова, пренесе МИА.

Инаку, пред околу еден месец ДСЗИ изврши вонреден надзор во домот на директорот на Општата болница во Струга Мухамед Асани, каде откриле нелегална гинеколошка ординација.