Вооружени напаѓачи влегле во училиште во Нигерија и грабнале стотина ученици

0
56

Вооружени напаѓачи влегле во интернат на северот на Нигерија и грабнале „стотина ученици“ и неколку наставници, јави Франс прес додавајќи дека некои извори тврдат дека едно момче загинало.

„Напаѓачите синоќа упаднаа во државниот колеџ во Кагара и грабнаа стотина ученици и неколку нивни наставници“, изјави локален функционер кој побара да остане анонимен.

Школскиот персонал кажа дека еден ученик настрадал и дека неколку ученици успеале да избегаат. Училиштето има околу 1.000 ученици.