Во Албанија и Србија се најавуваат четири милијарди инвестиции, а Заев една вакцина не може да купи

0
61

Само во еден ден во непосредното соседството имаме најава за инвестиции во вкупен износ од околу четири милијарди евра а во Македонија, пак, премиерот Зоран Заев и неспособните околку него не можат да купат една вакцина, истакна во неделата  на прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДМНЕ, Александар Николоски.

Гледаме регионот како оди напред, посочи Николски, па само денеска има две најави во регионот, за кои оцени дека во  македонски услови би биле фантастични.

„Денеска владата на Албанија потпиша договор за инвестиција во градот Драч од две милијарди евра. Инвестиција којашто целосно треба да го трансформира пристаништото во Драч и целата околна област. А, исто така денеска, една од најголемите јапонски фирми за производство на електрични мотори објави дека во Србија ќе инвестира 1,9 милијарди евра“, истакна Николоски.

Констатираше дека таквата е „тажната вистина“ за Македонија и посочи дека токму проади тоа актуелната власт мора што поскоро да замине. Николоски притоа искажа голема убеденост дека тоа ќе се случува во блиската иднина.

Претходно Николоски информираше за инцијативата со собирање на потписи за поднесување закон во Собранието на Македонија за поништување на спорниот Ззакон за попис.

„Сметаме дека големиот одзив на граѓаните, 25.000 потписи само за еден ден, а денеска очекуваме да ја достигнеме бројката од 40.000 потписи што значи дека до завршувањето на целата оваа акција која што ќе трае 21 ден, многу над 100.000 потписи ќе одиме. Сето тоа покажува дека народот, граѓаните на Македонија, македонскиот народ и сите останати кои што живеат во Македонија не се согласуваат со ваков попис, со попис кој што е политички, а не статистичка, попис кој што не ги почитува правилата на Евростат, попис кој што значи дискриминација и попис кој што значи политички договор“, посочи потпретседателот на опозицската ВМРО-ДПМНЕ.

„Таков попис не смее да помине и затоа македонските граѓани од сите градови и села се потпишуваат втор ден за закон за поништување на законот за попис. Јас сум убеден дека кога ќе стигне таа огромна бројка на потписи во Собранието која што денес можам да кажам ќе е многу поголема од првично проектираната бројка од 100.000, дека пратениците ќе го усвојат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и овој закон за попис кој што не е согласно критериумите и препораките на Евростат и е политички, а не статистички ќе биде поништен односно укинат. Она што е жално и што вака навистина предизвикува една мачнина кај сите нас е што додека власта во Македонија којашто е убедливо најнеспособна од било која Влада досега видена во Македонија се занимава со вакви глупости, се занимава со едни политички договори е единствена Влада која што не може да купи вакцини со цел да се имунизира населението“, рече Николоски