ВО ГРЦИЈА ЗЕМЈОТРЕС ОД 4.5 СТЕПЕНИ: Почувствуван е и во Македонија

0
80

Уште еден земјотрес кој се случи на територија на Грција е почувствуван во Македонија.

 

Земјотрес со јачина од 4,5 степени е регистриран вечерва во Грција. Епицентарот бил на длабочина од 2 километри. Земјотресот со слаб интензитет е почувствуван и во југо-западна Македонија.

 

Денеска на грчко-македонската граница беше регистриран уште еден послаб земјотрес.