Во живо од спалната соба: Памела Андерсон дава интервју додека се гали и гушка со сопругот

0
90

 

Русокосата старлета прозборе за бракот со телохранителот Ден Хејхрст, со кого се венчаше на Божик минатата година, во интервјуто за британското телевизиско шоу „Loose women“. Но она што  ги шокираше сите  е  дека Андерсон со сопругот се гушкаат и галат во нивната спална соба додека таа одговара на прашањата од водителките.

– Памела, ве цитирам што изјавивте претходно ‘Конечно сум во рацете на маж кој ме сака, токму тоа е вистинското место за мене‘ – изјави на почетокот една од вдотелките и додаде – не очекував дека ќе ве видиме во рацете на саканиот.
– Ох, ние не сме излегле од кревет уште од божикната вечер – се пошегува Памела и откри дека со Ден се запознале на нејзиниот имот.